Menu Close

Атанасиски символ на верата / Macedonian Athanasian Creed

 

Кој сака спасение, треба пред сè да се придржува до соборната вера. Секој што не ја одржува целовита и неосквернета, несомнено ќе пропадне засекогаш.

Ова е соборната вера:

Обожуваме еден Бог во Тројство и Тројството во Единство, ниту сплотувајќи ги Личностите, ниту делејќи ја на нивната Сушност. Затоа што Личноста на Отецот е посебна, Личноста на Синот е посебна и таа од Светиот Дух исто така. Но Божеството на Отецот, Синот и Светиот Дух е едно, нивната Слава е еднаква, нивната Величественост е совечна. Како што Отецот не е создаден, така и Синот и Светиот Дух не се создадени. Како што е Отецот неограничен, така се и Синот и Светиот дух неограничени. Како што е Отецот вечен, така се и Синот и Светиот дух вечни. Но тие не се тројно вечни, туку едновечни. Тие не се тројно несоздадени, ниту тројно бесконечни, туку едно несоздадени и едно бесконечни. Отецот е Вседржател, како што и Синот и Светиот Дух се Вседржател. Но и покрај тоа тие не се три Вседржатели, туку еден Вседржател. Така Отецот е Бог, како што и Синот и Светиот Дух е Бог, но и покрај тоа тие не се три Богови, туку еден Бог. Како што Отецот е Господ, така Синот и Светиот Дух се Господ. И покрај тоа нема три Господа, туку еден Господ.

Принудени од Христијанската вистинитост, ја спознаваме секоја Личност поединечно како Бог и Господ, притоа соборната вера не ни дозволува да кажеме дека постојат три Богови или три Господа. Отецот не произлегува од никого, ниту е создаден, ниту е роден. Синот е само од Отецот, не е создаден, но е роден. Светиот Дух е од Отецот и Синот, не е создаден, ниту е роден, но произлегува од нив. Така има само еден Отец, а не три Отци. Има еден Син, а не три Сина. Има еден Свет Дух, а не три Свети Духа. И во ова Тројство никој не претходи или следи и никој не е поголем или помал од другите, но трите Личности се совечни и соеднакви. Следствено на кажаното, во сите нешта Единството на Тројството и Тројството на Единството треба да се обожува. Тој што ќе има спасение, нека размислува за Тројството на овој начин.

Понатака, неопходно за вечно спасение е да се верува доследно во Отелотворувањето на нашиот Господ Исус Христос. Вистинската Вера е да веруваме и исповедаме дека Господ Исус Христос, Синот Божји, е Бог и Човек. Тој е Бог во Суштината на Отецот, роден пред световите, но и Човек во Суштината на неговата Мајка, роден во светот. Совршен Бог и совршен Човек, инфериорен спрема Отецот само во својата Човечност. Иако е Бог и Човек, тој не е двајца, туку еден Христос. Тој не е Еден преку претварање на Божеството во тело, туку преку присвојување на Човечноста во Бог. Тоа не е соединување преку мешање на Суштественоста, туку преку единство на Личностите. Како што разумната душа и тело се еден човек, така Бог и Човекот се еден Христос.

Тој страдаше за наше спасение, се спушти во пеколот и на третиот ден воскресна од мртвите. Се вознесе во небесата, устоличен од десната страна на Бог Отецот Вседржател, од каде што ќе суди на живите и мртвите. На неговото доаѓање сите луѓе ќе воскреснат во своите тела и ќе дадат отчет за сработените дела. Тие што чинеле добро ќе одат во вечен живот, а тие што правеле зло во вечен оган.

Ова е соборната вера. Ако човек не верува вистински и силно во неа, тој нема да има спасение.

За повеќе материјали на македонски, кликнете овде.

Show Buttons
Hide Buttons