Menu Close

Халкидонски символ на верата / Macedonian Chalcedonian Creed

 

Следејќи ги Светите Отци, сложно давајќи согласност, учиме луѓето да го исповедаат единствениот Син, нашиот Господ Исус Христос, еднакво совршен во Божество и човечност, навистина Бог и навистина човек, од разумна душа и тело. Тој е единосуштен со Отецот во Божество, а како човек единосуштен со нас во човечноста, во сите нешта како нас, но безгрешен. Тој е роден од Отецот во Божество пред сите времиња, а во овие подоцнежни дни за нас и нашето спасение роден од девицата Марија, Мајката Божја, во човечноста. Едниот ист Христос, Син, Господ, единороден, да се знае по неговите две природи, неконфузно, непроменливо, неделиво, нераздвоиво (ἐν δύο φύσεσιν ἀσυγχύτως, ἀτρέπτως, ἀδιαιρέτως, ἀχωρίστως – in duabus naturis inconfuse, immutabiliter, indivise, inseparabiliter). Разликата во двете природи да не се изгуби во нивното единство, туку својствата од секоја да останат зачувани. Тие се обединуваат во една Личност (prosopon) и еден Ипостас (hypostasis), без делови и поделба во две лица, но еден единствен Син, единороден Бог (μονογενῆ Θεόν), Логос, Господ Исус Христос, како што древните пророците го најавија, како Господ Исус Христос самиот нè поучуваше и како што ни беше предадено преку символите на верата од Светите Отци.

За повеќе материјали на македонски, кликнете овде.

Show Buttons
Hide Buttons