Преч. Ангус Стјуарт
Протестантизмот и Римокатолицизмот се согласни за содржината на канонот на Новиот Завет (НЗ), но Римокатолицизмот исто така ги вклучува Девтероканонските (Товит, Јудита, Барух, Мудрост Сирахова, Мудрост Соломонова и т.н.) во канонот на Стариот Завет (СЗ), за разлика од Протестантизмот.
Апостолот Павле изјави дека “Божјите објавувања“ беа “доверени“ на Еврејската СЗ црква (Рим. 3:2), која никогаш не ги сметала за канонски. Ако Девтероканонските книги беа “инспирирани“, како што тврди Рим (Катехизам на Католичката црква, праграф 120, 138), Христос и Неговите Апостоли (кои беа верни во укорите кон гревовите во учењата и животот на Евреите) сигурно ќе успееја да ги укорат Евреите што ги отфрлаат Девтероканонските книги. Напротив, Христос го потврдува и одобрува нивниот канон, заедно со тројната поделба на: “Законот Мојсеев“, “Пророците“ и “Псалмите“ (Лука 24:44).
Девтероканонските книги беа напишани подоцна од СЗ книги, по последниот СЗ пророк, и повеќето се напишани на грчки наместо на еврејски, јазикот на СЗ. Покрај тоа, нивниот стил и тематика ги обзнанува како обични човечки списи наместо Боговдахновени. На пример, 2 Макавејска завршува со, “Ако ова мое излагање сум го составил добро и убаво, тогаш и мојата желба е исполнета. Ако, пак, сум го направил слабо и недоволно, тогаш сум го направил она што сум можел“ (15:38). Тешко дека овие зборови се од инспириран автор.
Римокатоличкиот апологетик Патрик МекКаферти тврди дека Товит 4:15 (“Она што ти го мразиш, не прави му го никому“) е “цитат“ Христов во Матеј 7:12 (“Значи, сѐ она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие,“ сп. со Лука 6:31). Прво, ова секако не е директен цитат. Забележете ја разликата во должината на двата цитати и фактот дека таму каде Товит е негативна (кажува што да не правиме), Христовата команда е позитивна (ни кажува што да правиме). Второ, Христос не посочува дека ова е цитат, дали од Товит или било што друго. Трето, цитат на пасус сам по себе не докажува дека некоја книга е канонска, со оглед на тоа што во НЗ има цитати од писатели пагани, на пример Аратус, Менандер и Епименедес (Дела 17:28, 1 Кор. 15:33, Тит 1:12).
Покрај тоа, Товит содржи грешки и суеверија некомпатибилни со Божјата откриена Реч. Рафаил, свет ангел (12:15), лажи дека е Азарија, синот на Ананија (5:12). Ангелот дава магични упатства за бркање демони со чад од рибји џигер и срце (6:7), спротивно на Христос (“Овој, пак, род се истерува само со молитва и пост“ Мат. 17:21).
Боговдахновениот СЗ и НЗ се единствениот битен тест за сите традиции и доктрини (Дела 17:11, 1 Јован 4:1). Верната интерпретација и апликација на Божјото Слово (апостолска традиција) во вистинската црква е срочено во раните екуменски и Реформирани символи на верата и до истите треба да се придржуваме (2 Сол. 2:15). Таа традиција (вклучувајќи ја и Римокатоличката традиција) која е обични “учења“ и “човечки повелби“, “престапувајќи го словото Божјо“ (Марко 7:7, 13) мораат да се отфрлат. Вистинската црква се држи до вистината на Исус Христос пред светот, прокламирајќи ги и бранејќи ги доктрините единствено на Боговдахновеното Свето Писмо и затоа таа е “столб и потпора на вистината (1 Тим. 3:15).